Утрински Весник
Свет

(Видео) Берлин очекува големи протести, зајакнати полициски сили околу Бундестагот

(Видео) Берлин очекува големи протести, зајакнати полициски сили околу Бундестагот
Dik 300x250 mk

Берлинската полиција, засилена со полициски единици од цела Германија, е распоредена во поголемиот дел од центарот на Берлин пред очекуваните граѓански протести.

Пратениците во германскиот Бундестаг денес ќе одлучат за нацрт-законот што ќе и овозможи на германската влада сама да воведе анти-епидемиски ограничувања, без собраниска процедура, се наведува во извештајот на АП.

Владата забрани серија најавени протести пред Бундестагот од безбедносни причини, но собирите не се забранети во другите делови на германската престолнина.

Поставени се заштитни огради околу државните институции во случај демонстрантите да не ја почитуваат забраната за собири.

Голема група луѓе се собра утрово кај Бранденбуршката Порта, недалеку од зградата на парламентот, а само неколкумина од нив имаа заштитни маски и се придржуваа до пропишаната физичка оддалеченост.

Неодамнешните протести во Лајпциг предизвикаа хаос затоа што илјадници луѓе не ги почитуваа полициските наредби – да носат маски и да ги растераат насобраните.

Иако повеќето Германци ги прифаќаат и почитуваат најновите мерки на владата, критичарите тврдат дека усвојувањето на новиот закон ќе и даде на германската влада премногу моќ и ќе ги загрози граѓанските права на Германците, бидејќи тие нема да бидат усвоени во Бундестагот, објави „Ројтерс“.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Австралија ќе им обезбеди на жителите три часа бесплатна сончева енергија дневно

Украина ќе произведува оружје во Берлин и во Копенхаген

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим