Утрински Весник
Свет

(Видео) Белгија: Повредени 36 полицајци за време на протестот поради апсењето на црнкинка

(Видео) Белгија: Повредени 36 полицајци за време на протестот поради апсењето на црнкинка

Девет белгиски полицајци се префрлени во болница по судирот со демонстрантите викендов во градот Лиеж, соопшти денеска полицијата.

Службеникот на полицијата Кристијан Бопер рече дека 36 полицајци и уште десетмина се повредени во судирите за време на викендот.Причината за насилството е присилното апсење на црнкинка на почетокот на неделата на плоштадот Сент Ламберт.

Белгиските медиуми наведуваат дека цел на вандалите биле продавниците и рестораните за брза храна. Некои се ограбени додека на полицијата биле фрлани каменици и други предмети. Полицијата одговорила со солзавец.

Јавниот ред и мир е обновен. Ангажирани се околу 250 полицајци и користен е воден топ, нагласи Бопер.

Полицијата изрази уверување дека упадите и кражбите биле организирани.

На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како една црномуреста жена ја држат двајца полицајци на земја за време на апсењето, по што беа обвинети за расизам. Таа покрена тужба за полициско насилство и истрагата е во тек. Полицијата ги негира обвинувањата за расизам.

Градоначалникот на Лиеж повика на мир во неделата, објави „Политико“.

„Ова се несреќни настани“, рече Вили Демајер, додавајќи дека сака да го повтори вчерашниот повик за смиреност.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси