Утрински Весник
Свет

(Видео) Бајден: Сè укажува дека Русија ќе нападне во следните неколку дена

(Видео) Бајден: Сè укажува дека Русија ќе нападне во следните неколку дена
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека рускиот напад врз Украина е можен во следните неколку дена и дека сè укажува на тоа.

„Ризикот од напад е многу висок затоа што не ги повлекоа силите. Напротив собраа повеќе армија. Покрај тоа имаме причина да веруваме дека се вклучени во лажна операција која би им дала изговор за напад. Сите индикации се дека се подготвени за напад врз Украина“, рече Бајден.

Запрашан од новинарите дали се уште е можно дипломатско решение, Бајден одговори: „Да, тоа е можно. Затоа го испраќам Блинкен -шефот на американската дипломатија во Њујорк за да се обрати пред Советот за безбедност на ОН”.

На прашањето дали планира да разговара со Путин, Бајден одговори негативно.

Можете да прочитате

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД

Руската пошта ја прекинува копнената достава до балтичките држави, Словенија и Хрватска

Израел ќе потроши 110 милијарди долари за оружје во следната деценија, наведуваат израелските медиуми