Утрински Весник
Свет

(Видео) Бајден до американските војници во Полска: Вие сте најдобрата борбена сила во историјата

(Видео) Бајден до американските војници во Полска: Вие сте најдобрата борбена сила во историјата
Dik 300x250 mk

Американскиот претседател Џо Бајден, кој пристигна во Полска во рамки на неговата европска турнеја, им се обрати на американските војници стационирани во земјата.

„Украинците покажаа дека имаат ‘рбет. Погледнете колку се храбри… Жени, млади момци, излезегуваат пред проклетите тенкови и велат ‘не заминувам, останувам овде’. Тие се неверојатни“, рече Бајден пред американските војници.

Тој додаде дека светот во моментот ја следи борбата меѓу демократијата и олигарсите.

„Она во што сте вклучени е многу повеќе од тоа дали можете или не да му помогнете на украинскиот народ. Ова е нова фаза. Вашата генерација се наоѓа во точка на пресврт“, рече тој.

Тој им се заблагодари на американските војници, додавајќи дека „американската армија е најдобрата борбена сила во историјата на светот“.

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот