Утрински Весник
Свет
Img 7972

(Видео) Бајден: Гласот ми е зарипнат поради настинка, сè е во ред

(Видео) Бајден: Гласот ми е зарипнат поради настинка, сè е во ред
Img 7972

Американскиот претседател Џо Бајден во петокот рече дека неговио зарипнат глас е последица на настинка што стапила по контакт со неговиот внук и додаде дека секој ден се тестира на Ковид-19.

Тој денеска одржа говор за економијата со зарипнат глас и имаше напади на кашлање, што го поттикна еден новинар да го праша претседателот за неговото здравје.

„Добро сум. Секој ден се тестирам за ковид. Ова го добив од мојот внук на една и пол година кој сака да му дава бакнежи на својот дедо. Се работи за обича настинка“, додаде тој.

Американскиот претседател минатиот викенд го помина со семејството, кога во Америка се славеше Денот на благодарноста.

Здравјето на Џо Бајден, со оглед на тоа што тој е најстариот претседател некогаш избран во САД (79), привлекува посебно внимание.

Пред две недели тој беше подложен на систематски преглед, чии резултати ги објави Белата куќа, а неговиот лекар заклучи дека е во добро здравје.

САД стравуваат од зголемување на случаите со Ковид-19 со доаѓањето на зимата и ширењето на новата омикрон варијанта на коронавирусот.

Можете да прочитате

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација