Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Хибридниот режим на Заев во обид да ја спречи вистината за кражба на струја

(Видео) Арсовски: Хибридниот режим на Заев во обид да ја спречи вистината за кражба на струја
Dik 300x250 mk

Крадат струја коалиционите партнери на Заев од ГТЦ, а од МВР велат дека тоа не било кривично дело за кое што требало да сносат одговорност, обвини денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Јавна тајна беше дека на трошок на дуќанџиите од ГТЦ се копа криптовалути, а МВР вели дека ЕВН утврдиле дека нема крадење, туку дека имало дополнителни броила и таму била приклучена таа машина за копање. Од ЕВН пак велат дека нема дополнителни броила и дека има само едно броило за ГТЦ, со што потврдија дека МВР лаже и го штити криминалот“, посочи Арсовски.

Според партискиот портпарол, станува збор за класичен грабеж од дуќанџиите, односно како што кажа, класичен криминал што го прават директорот на ГТЦ, Ѓоко Трајчевски и претседателката на одборот на директори, Трајанка Тасевска, инаку сопруга на директорот на БЈБ.

„Дали со плаќање на повисока цена, односно препродавање на повисока цена на струја кон дуќанџиите од страна на ГТЦ, се покривало крадењето струја кое што го правело семејството Бајрам?“, јавно запраша Арсовски, барајќи одговори од МВР, Трајчевски и Тасевска.

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски откри дека 371 вработени се отпуштени од работа, се истражуваат големи малверзации во Комунална хигиена

Сторијата „По трагите на Јулија“ на 360° ја доби првата награда на ЕУ за истражувачко новинарство

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош