Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Фирмата „СВ Инвест“ поврзувана со случајот рекет во „РЕК Битола“, e во стечајна постапка

(Видео) Арсовски: Фирмата „СВ Инвест“ поврзувана со случајот рекет во „РЕК Битола“, e во стечајна постапка

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски реагира за стечајната постапка на фирмата за која како што рече е поврзана со рекет во „РЕК Битола“.

„Фамозната фирма, „СВ Инвест“ на Столе Чифлигароски, еден од луѓето кој со Вице Заев одземаше тендери на компании кои што си добиле во „РЕК Битола“ и праќаше луѓе со Васко Ковачевски кој што е директор на „ЕЛЕМ“ кај Вице да плаќаат рекет и покрај заработените милиони во „РЕК Битола“, оваа фирма на Столе Чифлигароски на „СВ Инвест“ на 22 март оваа година објавила отпочнување на стечајна постапка. Практично оди во стечај и се затвора“, информира Арсовски.

„Фирма која од година во година и растел профитот по 50, 100 и 200 проценти, и во 2019-тата година заработила 2.5 милиони евра оданочени, отпочнала стечајна постапка за неизмирено побарување од нешто над 250.000 евра. Очигледно е дека сакаат оваа фирма свесно да ја затворат сите инволвирани во криминалот и да ја стават во стечај за да не ги поврзува ништо, ама баш ништо, ниту Столе ниту било кој друг со криминалот во „РЕК Битола“. Но, тоа се само нивни желби и тоа не оди така“, рече Арсовски.

Според него, не може како што рече со затворање на фирма да се амнестираат делата доколку ги има и доколку е направен криминал.

„Да потсетиме, Столе Чифлигароски сопственикот на „СВ Инвест“ и индиректно Вице Заев, преку „СВ Инвест“ се обидоа да изнудат тендер, без да исполнуваат услови за да го добијат тендерот, од фирма која си го добила на јавен повик во РЕК Битола и притоа да направат штета на компанијата на која што и го изнудиле тендерот од нешто повеќе од над половина милион евра. Дополнително, истите тие луѓе, барале 250.000 евра рекет во кеш од сопствениците на компанијата да однесат во Струмица.Рекет, исто како на филмовите“, потенцира Арсовски.

За портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ останува нејасно зошто токму сега се отвора оваа стечајна постапка на фирмата „СВ Инвест“ од Битола?

„Дали тоа значи дека постои можност да сопственикот на фирмата ја напушти државата со парите со кои што ги заработил од РЕК Битола и да избега и да не може да биде достапен и на располагање на органите за случајот за рекет од 250.000 евра и изнуда на тендер во РЕК Битола?“, запраша Арсовски.

Тој побара, МВР и ЈО да преземат мерки, да го отворат случајот и да ги обезбедат на било каков начин сите инволвирани.

Во спротивно, рече Арсовски, институциите им помагаат на сите инволвирани да го заштитат криминалот и да ги изнесат парите надвор од државата.

Можете да прочитате

Георгиевски: Никогаш не сме биле толку блиску до ЕУ, треба да направиме само еден безболен чекор

Дурмиши: Пониски цени на над 600 производи за Нова Година

Одбележан Денот на МАНУ – 24info.mk