Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Арсовски: Спасовски да поднесе оставка, МВР тврдеше дека немало физички напад 30 часа по убиството на Тот

(Видео) Арсовски: Спасовски да поднесе оставка, МВР тврдеше дека немало физички напад 30 часа по убиството на Тот
Img 7972

Оливер Спасовски со денови се повеќе се плетка во скандалот со заташкувањето на убиството на ракометарот Денис Тот, посочи денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Тој на прес-конференцијата презентираше, како што кажа, хронологија која го потврдува тоа.

„Според информациите кои што ги има јавноста, претепувањето на ракометарот се случило во 3 часот на 7-ми април.

Според КАРИЛ и Ургентниот центар истиот ден, на 7-ми април, во раните утрински часови до МВР била пријавено ‘сомнително нешто’ кај пациент кој е примен кај нив.

Дополнително и медиумите вечерта на 7-ми април известуваат за претепувањето на млад ракометар.

Но и покрај сите овие наводи, МВР на 8-ми април преку официјален став до медиумите испратен околу 10 часот говори дека нема физичко насилство.

Внимавајте, МВР на Оливер Спасовски после 30 часови од настанот, после сите пријави од Клиника за сомнителни работи, после сите пишувања на медиумите, се дрзна да каже дека немало физички повреди кај загинатиот ракометар“, посочи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според Арсовски, факт е дека имало пријава, факт е дека имало индиции, факт е дека имало медиумски написи и за жал, како што кажа, факт е дека МВР ја замајувало јавноста, со обид да го прикријат настанот.

„Ваквото однесување на МВР, на Оливер Спасовски фрли дамка врз институцијата и на меѓународен план дека убиството било заташкувано, затоа говорат и медиумите од странство. Затоа одговорност мора да има и затоа Спасовски мора да си поднесе оставка веднаш“, истакна партискиот портпарол.

Можете да прочитате

Филипче од Свети Николе: СДСМ се бори Македонија да биде дом за сите, а не приватен имот на власта

Мицкоски: Случаите на Филипче и струмичкото лоби се во фиока – по изборите ќе има правда за сите

Филипче од Велес: За Владата на Мицкоски поважни се олигарсите, отколку работниците