Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: СДСМ три години лажеше и на крај дозволи да се гради спроти „Холидеј Ин“

(Видео) Арсовски: СДСМ три години лажеше и на крај дозволи да се гради спроти „Холидеј Ин“

СДСМ цели 3 години ги лажеа и подгреваа луѓето од Центар, од Ново Маало и останатите дека нема да се гради на паркингот кај „Холидеј Ин“, за да изминативе денови, без грам срам пред граѓаните, излезат и издадат градежни дозволи, порача портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Ниту се случи ревизија, ниту укинување на дозволи, ниту ништо. Лага до лага цели три години. Три години држеа лажен мораториум и си ја префрлаа вината едни на други, Шилегов кај Богдановиќ, Богдановиќ кај Бочварски, Бочварски кај куририте што не го донеле писмото, и тоа само за да купат политички поени кај граѓаните, за да сега пред избори се најдат во тесно и издадат градежни дозволи“, обвини Арсовски.

Според партискиот портпарол, Богдановиќ и Шилегов веќе немаат кредибилитет да бараат било каква доверба кај граѓаните.

„Излажаа на најдрзок начин дека нема да се гради кај Холидеј Ин и за на крај, сепак овде да никнат планираните според ДУП објекти“, кажа тој.

Според Арсовски, градоначалниците од СДСМ на следните избори ги чека казна, за како што рече, нивните лаги и неисполнети ветувања.

Можете да прочитате

Дали поради Христовски ќе се скараат Апасиев и носителот на Левица во ИЕ6?

Амбасадата на Србија најостро го осуди нападот на нејзиниот Конзулат во Куманово

ОЈО бара притвор за три лица за предизвикување меѓунационална омраза за вчерашните инциденти со македонското знаме