Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: СДСМ прави театар со барањето на оставка од Димова, потребна е кривична одговорност

(Видео) Арсовски: СДСМ прави театар со барањето на оставка од Димова, потребна е кривична одговорност
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Театарот кој го прават СДСМ, Лидија Димова, Љупчо Николовски и Зоран Заев е само со една и единствена цел, а тоа е да се дефокусира јавноста од криминалот кој е сторен во Националната агенција, порача денеска на прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Оваа смешна препирка низ медиумите дали Лидија Димова ќе си даде оставка или не, дали Владата ќе ја разреши или не, е само театар за граѓаните, да мислат дека оваа Влада е одговорна и чесна“, изјави Арсовски.

Како што рече тој, Лидија Димова влегла во низа од скандали кои достигнуваат огромни суми на пари, а сепак нема ниту еден отворен случај, ниту од Јавното обвинителство, ниту е повикана да биде сослушана.

„Постои сведоштво од вработени во Националната агенција, дека над 20.000 евра пари се извадени од благајна со факсимил на Лидија Димова, без покритие. Овде има сериозен сомнеж за кривично дело, вклучително што ова сведоштво е доволен показател за јавното обвинителство и другите институции да влезат во Националната агенција и тој што сторил одреден криминал, ако го сторил, да одговара“, нагласи портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ кој додаде и дека тоа не е единствениот доказ, но дека постојат неколку скандали „тешки“ стотици илјади евра.

„И натаму сметаме дека Лидија Димова треба да си даде оставка веднаш, а пред тоа да ги објави транспарентно сите документи за спорните проекти за кои што има сомнеж во јавноста“, рече во име на ВМРО-ДПМНЕ гласноговорникот на опозициската партија.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицоски: За мене Македонија е свето име

Банкарски работник зголемувал лимитите на неговата и картичката на сопругата, ќариле над 10.000 евра

Скопјанка тешко повредена, при нагло кочење паднала во автобус