Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: СДСМ молчи за испумпување на 21 милион евра од државата преку струмичка агенција за обезбедување

(Видео) Арсовски: СДСМ молчи за испумпување на 21 милион евра од државата преку струмичка агенција за обезбедување

„СДСМ молчи за најголемиот грабеж со испумпување пари од државата преку струмичка агенција за обезбедување. 21 милион евра се извадени од буџетот за две години, при што плаќани се услуги за обезбедување и двојно поскапо од претходни години кога истите институции користеле вакви услуги.
Според доказите кои ги презентиравме и документите објавени на страна на Бирото за јавни набавки, постои огромен сомнеж дека така испумпаните пари од универзалниот снабдувач на струја и неколку државни компании завршиле кај семејството Заеви и СДСМ“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, Заев целиот начин на работа од Струмица го префрли на ниво на цела Македонија.

„Дали шемата „едно евро за Вицето, едно евро за црквата“ стана државна пракса, па сега милионите завршуваат во нивните џебови?! Заради желбата за пари на едно семејство од Струмица, цела Македонија плаќа поскапа струја. До кога граѓаните ќе треба да плаќаат за луксузот на семејството Заеви?! Кога во цел регион, но и во остатокот од Европа цената на струјата се намалува, кај нас во Македонија истата се зголемува, за да се задоволат бизнис апетитите и апетитите на семејството Заеви.

Бараме веднаш и без одлагање да биде укинато покачувањето на цената на електричната енергија.
Македонија не е должна да плаќа за туѓи бизнис интересите. Воедно, бараме од ЈО, Антикорупциската комисија, регулаторните тела и сите останати да отворат случаеви за овие сомнежи за испумпување на државни пари, во спротивно и тие ќе бидат соучесници“, додаде тој.

На прашањето во однос на барањата на СДСМ за оставка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Арсовски рече: „Би одговорил кратко бидејќи ова прашање веќе е одговорено и претходно од страна на партијата, од страна на претседателот Мицкоски итн. Сега би било кукавички чин во овие околности оставка, кога Зоран Заев и СДСМ буквално да тероризираат и ја крадат цела држава. Така да сметам дека ова е завршена тема на којашто не би имале што повеќе да додадеме, така да подобро да се фокусираме на криминалот кој што го прави СДСМ“.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вучиќ–Сиљановска Давкова: Србија и Северна Македонија можат да понудат многу во лозарството и туризмот

Шумски пожар над охридските села Куратица и Опеница, на терен дејствуваат три ер-трактори

ДУИ да одговори – дали за време на нивните патувања избегнуваат скенери, вели Таравари