Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: СДСМ во пакетот за 218.000 евра ќе продаде и имот на Рузвелтова кој чини над 300.000 евра

(Видео) Арсовски: СДСМ во пакетот за 218.000 евра ќе продаде и имот на Рузвелтова кој чини над 300.000 евра

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски на денешната прес-конференција кажа дека СДСМ таргетирале, како што прецизираше, трет важен објект на АД Славија да го приствојат преку купување на акциите блиски луѓе од СДСМ.

„Објектот е позади мене, инаку стара Славија на Рузвелтова“, рече Арсовски.

Потсети дека СДСМ сака АД Славија да ја продаде за 218.535 евра, со целиот свој имот и земјишта и сите објекти кои што вредат над 20 милиони евра.

„Замислете, оваа локација позади мене, трета која ја презентираме по ред, стара Славија на Рузвелтова позната помеѓу скопјани, изнесува стотици метри квадратни објект кој е во постапка на приватизација, а кој потоа преку АД Славија ќе може да изврши и откуп на земјиштето под објектот односно со целиот двор кој што им следува. Јавно прашуваме, дали оваа локација која е на АД Славија, со стотици метри квадратни објекти и уште толку земјиште кое треба да и припадне на АД Славија, дали вреди многу повеќе од 218.000 евра? Да, вреди, само ова земјиште вреди многу повеќе од 218.000 евра за сумата за која што сакаат сите земјиште и објект да ги продадат. Само ова земјиште позади со објектот според одредени проценки чини над 300.000 евра. Значи 300.000 евра на сред Рузвелтова во Скопје“, додаде портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, тоа што се обидува власта да го направи со продажбата на АД Славија е вистински криминал во најава, раскрчмување на државниот имот и обезвреднување пред продажбата.

Посочувајќи дека некој сериозно треба да одговара за тоа, Арсовски повика уште веднаш, да се стопира одлуката за продажба на АД Славија под вакви услови, каде што СДСМ, како што напомена, ќе ја оштети државата заедно со своите пиуни кои што ќе бидат вмешани во овој криминал за 20 милиони евра, односно ќе се здобие некој близок на СДСМ до власта со имот од над 20 милиони евра, за само 218.000 евра.

„Откажување од продажба под вакви околности, инаку доколку не се откаже ќе има соодветни поднесоци до институциите за сите одговорни кои што ќе бидат директно или индиректно инволвирани во овој криминал во најава за да сносат одговорност. Нека бираат, чесна работа за граѓаните и државата или затвор“, потенцира Арсовски.

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајна несреќа во центарот на Скопје – неколку лица пренесени во болница

„Опстојувањето е пркос, не преживување!“ Шестата парада на гордоста

„Страшен е животот што го живееме сега, протестираме и за вашите деца“ потресно сведоштво на татко од Кочани