Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Продолжуваат контактите со Бугарија, и двете страни се за изнаоѓање решенија

(Видео) Арсовски: Продолжуваат контактите со Бугарија, и двете страни се за изнаоѓање решенија

На прашање за актуелните разговори со Бугарија, портпаролот  на Владата, Душко Арсовски повтори дека нема нов договор и дека Владата е подготвена да ги дообјасни прашањата што побудуваат определена загриженост во Софија, но дека никој нема право да преговара за идентитетот и за јазикот.

„Контактите и размената на идеи меѓу македонската и бугарската влада се во постојан тек. Двете страни се вложени во изнаоѓање решение. И за Северна Македонија и за Бугарија е особено важно да продолжи европската интеграција на регионот. Оттука, со оптимизам гледаме на можните решенија кои во исто време ќе ја обезбедат нашата европска иднина со целосно почитување на македонскиот идентитет“, потенцираше Арсовски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Мицкоски ќе се обрати на свечена владина седница по повод Денот на албанската азбука

Доаѓаат нови обилни дождови, снег и снежна покривка ќе има на планините

Обвинителството не може кривично да ги гони малолетничките што ја претепаа и снимаа нивната врсничка во Штип