Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Молкот на СДСМ и Калевска – Ванчева е потврда за инкасираните 55.000 евра

(Видео) Арсовски: Молкот на СДСМ и Калевска – Ванчева е потврда за инкасираните 55.000 евра

Се уште до денеска не слушнавме реакција ниту од СДСМ, ниту од Калеска – Ванчева, ниту пак од институциите кои што го ангажирале адвокатското друштво на Калеска – Ванчева кое што било во нејзина сопственост пред да стане пратеник, изјави портпаролт на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„ Преку пет државни институции по основ на паушали адвокатското друштво кое е поврзано со пратеничката на СДСМ и претседател на форумот на жени во СДСМ, инкасирало 55.000 евра за три и половина години. Министерството за образование и наука, Национална агенција за европски образовни програми, Агенција за енергетика, Државен студентски центар и Агенција за странски инвестиции, се институциите од кои што ова адвокатско друштво на Снежана Калеска – Ванчева инкасирало 55.000 евра.

Нема човек, нема дел од јавноста, ниту пак близок и член до СДСМ што може да биде убеден дека ова е случајно и дека за ова не е заслужна токму пратеничката од СДСМ Калеска – Ванчева. Притоа на чело на овие институции бил еден човек или луѓе од СДСМ, блиски до пратеничката. Но за оваа поврзаност од утре па натака. Најважно е што, додека граѓаните немаат леб да јадат, некој кој е во власта, нашол начин да заработува преку државата и на грбот на граѓаните. Срамота“ обвини Арсовски.

Според него, наместо успехот да го манифестираат преку приватниот сектор, едвај чекале да дојдат на власт, за да заработуваат на грбот на граѓаните.

Единствен трошок на ова адвокатско друштво, од тие 55.000 евра кои што ги земале по основ на паушали од овие пет институции, како што рече Арсовски, се даноците што ги плаќале и хартијата што можеби ја трошеле, или интернетот кој што го трошеле и плаќале.

„ Дали е ова случајно? Не е, нормално дека не е случајно. За ова чекаа и се бореа да дојдат на власт во 2016-тата година. Оттука сакам повторно да ја повикам заспаната антикорупциска комисија да се разбуди и да отвори постапка, бидејќи ова се парите на граѓаните и мора да дадат отчет како, зошто и на кој начин се доделени и за што се потрошени овие средства“ порача Арсовски.

Можете да прочитате

Случајот „Демир Хисар“ ја отвори дилемата – закон за сите или само за послабите?

Локалните избори закажани за 19 октомври 2025 година – вториот круг на 2 ноември

Гаши потпиша: Локалните избори ќе бидат на 19 октомври