Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Зоран и Вице Заеви фатени во рекет афера од 6 милиони евра

(Видео) Арсовски: Зоран и Вице Заеви фатени во рекет афера од 6 милиони евра
Dik 300x250 mk

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, на прес-конференција го објави аудио-записот што денеска беше споделен на „Јутуб“, за се однесува на претседателот на СДСМ, Зоран Заев.

Арсовски вели дека на снимката се слуша дека сите пари од рекетот кој го зимала владата на СДСМ, завршувале кај Зоран и Вице Заеви.

„6 милиони евра, 6 милиони евра е сумата која Зоран Заев ја бара и зема преку адвокатот Димишков, имено брат на судијката Димишкова.
Зоран Заев е шефот на рекетарската група која го изврши најголемиот рекет за кој слушнала јавноста во Република Македонија. Претходно во друг аудио запис граѓаните слушнаа како самиот Димишков вели дека Зоран и Вице Заеви забегале во барањето на огромни суми на рекет, односно дека барале 6 милиона евра и дека тој ќе се обидел да намали. Очигледно по денешната снимка видовме дека Зоран Заев бил дециден и дека немал намера да намали помалку од 6 милиона евра рекет. Затоа предлагам и замолувам да ја чуеме онаа снимка од адвокатот Димишков каде што објаснува за 6-те милиони евра кои што ги побарале директно Зоран и Вице Заеви“, рече Арсовски.

Тој додаде дека во оваа снимка се потврдува оти Зоран Заев и Вице Заев диктирале која е сумата на рекетот која треба да биде платена. Арсовски истакна и дека Заев јавно на ТВ дуел со Христијан Мицкоски ја лажел јавноста дека не го познава адвокатот Димишков.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се апси низ Прилеп – меѓу уапсените бивши функционери и директори на болницата

Томовски: ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, апсолутен победник на локалните избори

Пандов: Осуденици се однесуваат како во хотел, државата ги чини по 1.000 евра месечно