Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Законот за марихуана е приватен закон на Заев за лично богатење на неговиот нарко картел

(Видео) Арсовски: Законот за марихуана е приватен закон на Заев за лично богатење на неговиот нарко картел
Dik 300x250 mk

Законот за марихуана којшто Зоран Заев на сила го турка како предлог од Владата кој сака да биде изгласан во Собранието има за крајна цел да го легализира бизнисот со марихуана на Заеви, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Овој закон, додаде тој, не е ништо друго туку личен закон за бизнисите на Заев што ќе му овозможи лично богатење нему и неговата фамилија.

„Патем тоа го прави со нова злоупотреба на европското знаменце, иако нема унифицирана европска регулатива за ова. Со овој закон Заев сака да овозможи освен за масло од канабис за медицински цели, да се легализира и трговијата со сув цвет од марихуана, односно она за кое што беше уапсен началникот на прилепската полиција „Чипсио“, пред неколку месеци да стане нормално и секојдневие кое на фирмите на Заеви ќе им носи годишно милиони евра, чист приход и заработка“, рече Арсовски.

Според него, Заеви држат огромен дел од производството на марихуана во Република Македонија, преку МАМ Свети Николе и Фарма Медикал Валандово кои официјално се во нивна соспственост и други компании кои ги водат нивни блиски луѓе.

Можете да прочитате

Ретка можност: Балкански рис фатен во Кичево (ВИДЕО)

И на вториот изборен круг во недела безбедноста ќе се следи со дронови

Kумановска платила 2.000 евра за патување, но наместо билет, добила молк од скопска туристичка агенција