Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Заев брутално го ограби народот преку цените на горивата

(Видео) Арсовски: Заев брутално го ограби народот преку цените на горивата

Кризниот данок на Заев од 4.13 денари врз горивата трајно ќе ја зголеми цената на горивата и со тоа новите давачките кои ги наметна лично Зоран Заев и лично оваа расипничка власт на СДСМ за еден литар гориво ќе изнесуваат цели 14 денари, истакна на денешната прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски. Според него, тоа се пари кои мора да ги плаќаат македонските граѓани, без разлика колку е ниска или висока цената на нафтата на светските берзи.

„Токму заради овие нови давачки на Зоран Заев и СДСМ македонските граѓани плаќаат енормно скапи горива, а само во последната година бензините од 50 денари по литар скокнаа на 71.5 денари, а дизелот од 46 денари по литар скокна дури на 63 денари. И ова е факт кој што граѓаните секојдневно го говорат. Толку големо покачување на цената на горивата доколку не беа давачките на Зоран Заев и СДСМ во форма на акцизи и даноци немаше да има“, рече Арсовски.

Ова енормно покачување на цената на горивата, додаде Арсовски, не може, а да не предизвика ценовен шок.

Според неговите проценки на удар се сите производи и услуги во чие производство горивата играат важна улога.

„Тука постои опасност и можност да се покачат и сите цени на транспортниот сообраќај во Република Македонија само заради тоа што има вакво сериозно покачување од Зоран Заев. И тука се загрозени веќе повеќе од половина од граѓаните кои што користат јавен или било каков транспорт. За да не дозволиме Заев да прави што сака и да ја става целата држава во агонија и сиромаштија, иако веќе е, пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со сите можни средства кои им стојат на располагање во рамки на Собранието и во рамки на демократското работење ќе го блокира овој предлог законот на Заев за кризен данок од 4.13 денари на горивата“, потенцира Арсовски.

Можете да прочитате

Почнува реконструкцијата на сaлaта „Расадник“

Премиерот Мицкоски очекува минимално зголемување на цената на струјата

Укината забраната за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Маврово – Дебар