Утрински Весник
Македонија

(Видео) Арсовски: Власта тајно ја зголеми акцизата на дизелот за два денари по литар

(Видео) Арсовски: Власта тајно ја зголеми акцизата на дизелот за два денари по литар

Власта повторно тајно, шверцерски, во нивни стил, ја зголеми акцизата за дел од горивата и тоа директно на трошок и на грб на граѓаните, обвини портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„ Согласно последната одлука на Регулаторната комисија, акцизата за литар дизел е покачена од 15,50 денари по литар, на 17,50 денари по литар. Ова значи дека дизелот поскапува два денари само по основ на покачената акциза од страна на Владата. Од ова произлегува дека последното покачување на цената на дизел горивото во најголем дел се должи на оваа разлика, која треба да завршува директно во буџетот на државата и внимавајте да ги полни дупките на Владата која што ги направи во буџетот единствено со крадење на парите на граѓаните. Со последната одлука на Регулаторната цената на дизелот стаса до 63,5 денари по литар што е покачување од 13 денари споредено со цената внимавајте пред четири години кога СДСМ доаѓаше на власт“ изјави Арсовски.

Според него, ваквото поскапување на дизел горивата заради покачената акциза, не е поврзано со најавената зелена такса, која што Владата ја најави, која, како што рече тој, кога ќе се донесе дополнително ќе ги поскапи горивата од 4,13 денари по литар.

„ Цената на дизел горивото, како и останатите горива влијае врз цените на многу производи, многу услуги, вклучително и патниот транспорт и ваквите покачувања кои што се случуваат и ќе се случуваат ќе имаат импликации на потрошувачката кошничка за граѓаните, односно, ќе се зголеми цената на животниот стандард. И тоа само затоа што Владата на СДСМ и нивната коалиција крадеше од граѓаните и сега дупките во Буџетот ќе ги полнат преку парите на граѓаните.

Ние еднаш јавно напоменавме, сега напоменуваме повторно, пари кои одат директно во буџетот на име на ново воведени акцизи, давачки и такси, тоа е покачување кое не е последица на зголемување на светската цена на горивата, туку е единствено последица на алчноста на Зоран Заев, на власта и на нивното крадење како влада и коалиција. Најпрвин го испразнија буџетот, потрошија скоро 15 милијарди евра за четири години и направија нов долг од 2,4 милијарди евра. Луксузот на власта и Заев се покрива директно од давачките на граѓаните кои што се наметнуваат“ додаде Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Македонија е позадолжена од било кога и дека сега кога буџетот е празен се удира по џебот на народот, за тој да ги покрие дупките во приходите, кои, како што вели тој, настанаа заради тендерите кои си ги даваа власта на нивни блиски луѓе и поткупот кој што го правеа пред избори.

Можете да прочитате

Милошоски: Донесениот заклучок од страна на членовите на Судскиот совет за продолжување на мандатот на Весна Дамева е незаконски

Дали поради Христовски ќе се скараат Апасиев и носителот на Левица во ИЕ6?

Амбасадата на Србија најостро го осуди нападот на нејзиниот Конзулат во Куманово