Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

(Видео) Андоновски: Срамота е за нашиот идентитет да се зборува во Софија, а никој во Македонија да не знае што е на маса

(Видео) Андоновски: Срамота е за нашиот идентитет да се зборува во Софија, а никој во Македонија да не знае што е на маса
Img 7972

Владата на Зоран Заев преговара за македонскиот јазик и идентитет далеку од очите на јавноста, oбвини денеска Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, од граѓаните се кријат условите и барањата кои се поставени пред македонската Влада.

„Заев, Димитров и Османи знаат, но се кријат од јавноста. Срамно е да дознаваме од Бугарија дека Владата во ек на празници се уште преговара со Бугарија за нови отворени прашања. Вчера во телевизиско интервју министер од бугарската Влада потврди дека постои Анекс од 12 точки кој е даден до македонската Влада, со исклучително лоши позиции за македонскиот идентитет“, посочи претставникот на опозициската партија.

Андоновски посочи дека за овој Анекс неговата партија предупредувала пред три месеци.

Според него, срамота е за македонскиот идентитет, јазик и историја да се дискутира на телевизиски емисии во Софија, без никој во Македонија да не знае што е на маса.

„Кој го видел нон пејперот од Бугарија? Што содржи Анексот од 12 точки кој Владата го крие од очите на јавноста? Дали Бучковски следнава недела во Софија ќе дискутира за македонскиот јазик и македонската историја? Дали образовната реформа на Мила Царовска со која се укинува предметот историја е за да се исполнат бугарските барања?“, се дел од прашањата кои јавно ги упати претставникот на ВМРО-ДПМНЕ, кој додаде дека по падот на актуелната власт, ќе следува одговорност за, како што рече, сите недела кои и се прават на Македонија и македонскиот народ.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче од Охрид: Да кренеме глас и да се бориме против самоволието на ДПМНЕ

Тројцата обвинети за загадување од Вардариште признаа вина, им се заканува казна затвор од три месеци до три години

Катка Божиновска: Вреди да се бориме за Тетово!