Не постои лага, политички спин или блеф кој може да го искористи скапата ПР машина на СДСМ, а да ги покрие лагите и неуспесите на Македонија на европскиот пат, смета членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.
„И покрај сервилните извинувања за употребата на придавката „македонски“ – Зоран Заев не успеа да исколеничи пред официјална Софија. Зоран Заев се уште ги крие „креативните решенија“ кои и ги понудиле на Софија а се кријат од македонскиот народ. Прво се лажеше дека вакви решенија не постојат, за потоа истите вешто да се кријат од сите македонски граѓани“, потенцира Андновски.
Заев, вели Андоновски, веќе 4 години убедува дека сите прашања со соседите се затворени во полза на Македонија.
„Дали ова со Софија личи на затворено прашање? Дали ова е во полза на Македонија? И ова не е прва лага за датумот. Поминаа три години од сликата во авионот со која Заев не убедуваше дека веќе преговараме со ЕУ. Десет изјави, три години – само лаги. Денес, со Зоран Заев на власт, датумот за преговори со Европската Унија е понедостижен од било кога“, забележува Андоновски.
Според него, Македонија останува блокирана и без превори, и национално понижена.
Сега, смета членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, е време кога Македонија, без никакви условувања, треба да го добие своето заслужено место помеѓу партнерите од Европската Унија. Како што рече, без штета по македонските национални интереси. „Македонија за сите луѓе, а не само за претставниците на власта“, додаде Андоновски.