Утрински Весник
Македонија

(Видео) Андоновски: Нејасно е што содржи документот што му беше врачен на Бучковски во Софија

(Видео) Андоновски: Нејасно е што содржи документот што му беше врачен на Бучковски во Софија

Владата на Зоран Заев упорно молчи за тајните преговори со Бугарија. Нејасно е што содржи документот кшто вчера му беше врачен на специјалниот претставник Владо Бучковски во Софија, изјави Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Тој прашува дали се работи за Анексот со 12 точки во надградено и проширено издание или нешто сосема друго се преговара?

Андоновски обвини дека македонската јавност веќе со месеци не е информирана за содржината на ниту еден документ кој циркулира помеѓу двете страни.

„Собранието е во тотална изолација и очигледно никој не знае за што точно се преговара. Владата веќе четири години лаже дека ги затворила сите отворени прашања со соседите. Очигледно не е така. Зоран Заев води раштиман оркестар. Никола Димитров со денови вели дека граѓаните треба да одморат од спорот со Бугарија и дека до изборите таму, треба да ја вршиме домашната задача. Османи, пак, го испраќа Бучковски на тајни преговарачки маси каде што никој не знае за што се преговара. Зоран Заев молчи. А во исто време, македонскиот народ, идентитет и јазик се негираат од највисоки претставници на бугарската влада“, рече тој.

Андоновски прашува дали добиениот документ бара ретуширање на историјата и нејзино прилагодување до бугарската историска вистина, дали е оспорен македонскиот јазик, и тој сега треба да стане фуснота и дали образовната реформа на Мила Царовска е за да се укине предметот историја и да се исполнат некои национал-шовинистички барања кои личат барања од 19 век?

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Бишев: Јавниот долг до крајот на годината би изнесувал околу 68,5%

Нов земјотрес вечерва повторно ја стресе Македонија

Перински: ЈП „Улици и патишта“ нема пари за плата, а не пак да чисти снег