Утрински Весник
Македонија

(Видео) Андоновски: Молк од Заев за негирањето на македонскиот јазик

(Видео) Андоновски: Молк од Заев за негирањето на македонскиот јазик

Страшен скандал ја тресе европската интеграција на Македонија, истакна на денешната прес конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.

„Како резултат на коленичењето на Зоран Заев пред соседите, прифаќајќи секакви условувања, Македонија е и блокирана на евроинтегративниот пат, и национално понижена пред целокупната европска јавност. Во видеото јасно се гледа дека државната секретарка за европски прашања на Португалија, Ана Паула Закаријаш зборува за македонскиот јазик како дел од бугарскиот, нарекувајќи го „северномакедонски“. „Северномакедонскиот јазик некогаш бил дел од бугарскиот јазик“. Ова е точната фраза што ја искористила оваа политичарка пред бугарските медиуми. Ова ли е заштитата на македонскиот јазик и идентитет за кој зборува Зоран Заев последните две години. Овие ли се „бетонираните“ позиции“?, праша Андоновски.

„Сега веќе секому е јасно дека на Македонија и се случува класична распродажба на сите национални интереси и обележја. А виновникот е Зоран Заев“, вели Андоновски.

Од партијата на Андоновски прашуваат, дали ставот дека македонскиот јазик е северномакедонски е дел од португалскиот предлог кој Заев го прифаќа?

„Дали португалскиот механизам кој беше целосно прифатлив за Заев значи дека владата се обврзала да прифати срамна парадигма – дека македонскиот јазик бил некогаш дел од бугарскиот јазик? Дали португалскиот предлог кој е одличен за Заев вклучува и став дека во ЕУ не се внесуваат билатерални недоразбирања, и тие треба да бидат решени пред нова земја да се приклучи на Унијата? Дали со однесувањето на Заев сега цела Европска унија останува на страната на Бугарија? Дали се случува она за кое предупредувавме – дека постојат земји од ЕУ кои тивко ја поддржуваат Бугарија?“, се прашањата која ВМРО-ДПМНЕ како партија ги упатува на адреса на власта.

Според Андоновски, ова како што вели, претставува досега неповторен скандал за македонската дипломатија. „Понижување од најдрзок вид. И никој од власта не реагира на срамните негаторски изјави за македонскиот јазик. Нема протестна нота од Бујар Османи, нема реакција кон амбасадата на Португалија, нема одбрана на македонските национални интереси, нема ниту изјава за заштита на било која од социјалните мрежи. Целосен молк“.

Андоновски додава дека Македонскиот јазик и народ се под силен удар. А тоа според неговите оценки е резултат на распродажбата на македонскиот идентитет од лекомислени политичари кои најмногу се занимаваат со полнење на сопствените џебови.

Можете да прочитате

УЈП казни речиси 300 угостителски објекти по контроли во трговски и туристички објекти низ државата

Лишена од слобода лекарка од Битола заради примање поткуп

Зголемени платите на пожарникарите во Струмица: Од сега ќе заработуваат 80.000 денари