Утрински Весник
Македонија

(Видео) Андоновски: Извештајот на ЕК ја отсликува реалноста и недостигот на реформи

(Видео) Андоновски: Извештајот на ЕК ја отсликува реалноста и недостигот на реформи

Извештајот на ЕК ја отсликува реалноста и недостиг на реформи, правната сигурност за изборите беше поткопана, изјави Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, извештајот јасно кажува дека Македонија има уште многу домашни задачи.

„За многу аспекти за кои ВМРО-ДПМНЕ предупредуваше дека се антиевропски, ЕК забележува и во својот извештај. Прво ЕК се задржува на корупцијата. Во извештајот се забележува дека таа е распространета во многу области и треба да се обезбеди поактивен пристап од сите чинители кои се занимаваат со спречување и борба против корупцијата. Тука се надополнува и зајакнувањето на борбата против специфични форми на криминал, како што се перење пари и финансиски криминал“, рече тој.

Второ, рече Андоновски, за ЕК предизвикува загриженост и треба да се ограничи зголемувањето на употребата на брзи постапки при донесување на законите во Собранието.

„Европското знаменце и брзите постапки беа злоупотребувани од мнозинството на власт во десетици наврати за носење закони за фабрики за марихуана, а и за правосудството“, изјави Андоновски.

Во делот на економијата, додаде тој, се нотира дека Македонија постигнала ограничен напредок за време на извештајниот период.

„И ова е најниската од оценките за напредок кои ги добиваме како држава. Извештајот вели дека спроведувањето на јавните капитални трошоци останува останува значително мало, а дека нема обезбедување ниту на стабилизација на јавниот долг. Поголемо внимание во овој дел треба да се посвети на драматичниот пад на СДИ и процесот на дезинвестирање кој се случува оваа година. Понатаму, опасноста што јавниот долг како критериум за пристапување кон ЕУ од Мастрихт надминува 60%, но и бројните незаконитости на постапките на јавни набавки поврзани со ковид-кризата се огромен проблем“, изјави Андоновски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Дали од 29 Ноември Балканот ќе го зафати нов студен и снежен бран?!

Филипче: СДСМ не е лична сопственост ниту на Бранко, ниту на Заев, а најмалку моја

Филипче: Ароганцијата ќе ја закопаме длабоко под земја