Утрински Весник
Македонија

(Видео) Андоновски: Заев вети оставка доколку нема преговори со ЕУ, повеќе нема причини да биде премиер

(Видео) Андоновски: Заев вети оставка доколку нема преговори со ЕУ, повеќе нема причини да биде премиер
Dik 300x250 mk

Измамникот Заев вети и излажа дека ќе си даде оставка доколку не добиеме датум за преговори, посочи денеска на прес-конференција, Стефан Андоновски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ветувањата на неговата кариера се живот за сите и членство во ЕУ. И во двете работи не успеа и разочара. Сега треба да има малку грам морал и да си даде оставка“, посочи претставникот на опозициската партија.

Според него, премиерот Заев треба да поднесе оставка и бидејќи, како што рече, го излажал македонскиот народ дека Договорот со Бугарија ги затвора сите прашања, а дека Бугарија ќе ни биде најдобар и најсилен поддржувач.

„Оставка заради лагите на Димитров дека за македонскиот идентитет не се дискутирало, а македонскиот јазик ни бил бетон, додека Османи затворал 7-8 новоотворени прашања. Оставка заради лагата дека нема да има анекс и декларација на Договорот со Бугарија. Оставка заради манипулацијата дека опозицијата е онаа која ги кочи евроинтеграциите. Оставка затоа што ги погазија делата на Димитрија Чуповски, Ѓорѓија Пулевски, Гоце Делчев, Крсте Петков Мисирков, Цар Самуил, браќата Кирил и Методиј и браќата Миладиновци. Без никој да знае се договорија да ги распродадат. Оставка затоа што добивме ем национални понижувања, ем вето за ЕУ“, наброја Андоновски.

Тој порача дека Македонија мора да биде дел од Европската Унија, но и нагласи дека тоа ќе можат да го постигнат само политичари кои знаат како треба и кои, како што кажа, не се мафијаши.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Приедени возачи од Битола и Прилеп, управувале возила со скоро 100 км на час повеќе од дозволеното и под дејство на алкохол

Алиу: Го адаптираме законското решение за проблемот со тумор маркери за онколошки пациенти

ВМРО-ДПМНЕ: Историски промени во Кичево, Струмица, Карпош и дебакл на СДС