Утрински Весник
Македонија

(Видео) Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ во ноември ќе одржи редовен партиски конгрес

(Видео) Андоновски: ВМРО-ДПМНЕ во ноември ќе одржи редовен партиски конгрес

Вечерва на редовна седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ била донесена одлука за оддржување на редовен конгрес на партијата во ноември.

„ЦК на ВМРО-ДПМНЕ по предлогот на ИК кој заседаваше уште пред два дена, донесе одлука за оддржување на редовен конгрес на партијата во месец ноември. Воедно ВМРО-ДПМНЕ и нејзините функционери ќе бидат на терен по градовите и селата заедно со народот“, посочи на прес-конференција, членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Стефан Андоновски.

Тој нагласи дека партијата смета оти одбивањето на иницијативата за собирање на граѓански потписи за носење на закон за поништување на Законот за попис, преставува чекор во кој, како што рече, се гледа стравот на власта од соочување со народот и неговата волја.

„ВМРО-ДПМНЕ покрај пратеничките потписи, донесе одлука во сопствена организација да почне со собирање на граѓански потписи насекаде низ државата, кои ќе дадат легитимитет на нашата одлука пратениците да поднесат закон за укинување на законот за попис. Нема да ја ускратиме можноста граѓаните да се вклучат во нашата иницијатива да се стопира фалсификатот на пописот“, нагласи Андоновски.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче: Платите на лекарите мора да растат

Филипче по средбата со Давкова: Укажав дека партизацијата на безбедносните служби мора да запре

Заменик министерот Исени на 115 сесија на Советот на Меѓународната организација за миграции во Женева