Утрински Весник
Македонија

(Видео) Андоновска: Скандал со набавката на вакцини за сезонски грип, воведен критериум кој фаворизира едeн снабдувач

(Видео) Андоновска: Скандал со набавката на вакцини за сезонски грип, воведен критериум кој фавозира една веледрогерија

Дојдовме до сознанија дека во 2019 година и 2020 година во тендерската документација за набавка на вакцини против сезонски грип, во делот на спецификација на тие вакцини, се поставуваат услови и критериуми кои може да ги исполни само една компанија, рече на денешната прес-конференција Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Во тендерската документација во делот на спецификација на вакцините против сезонски грип е наведен критериумот вакцините да соодветствуваат за употреба на лица на возраст од 6 месеци и постари, а и во двата случаја кога е наведен тој критериум тендерот го добива веледрогеријата Елбијор на Стојмир Петров, татко на сопругата на директорот на болницата ‘8 Септември’, Христијан Костов“, посочи претставничката на ВМРО-ДПМНЕ.

Таа објасни дека претходно, во 2017 и 2018 година, кога не бил наведен критериумот вакцините да соодветствуваат за употреба од страна на лица од 6-месечна возраст и постари, тендерот го добила друга фирма, а, како што кажа, и на повеќе фирми им било овозможено да учествуваат.

Андоновска додаде дека годинава повторно во спецификацијата е наведен истиот критериум.

„Веројатно Филипче не се грижи што вакцините за сезонски грип многу доцнат и нема да можат на време да ги добијат граѓаните кои имаат потреба од нив, но важно тендерот за истите да биде онака како што него и на малкумина околу него им одговара“, посочи претставничката на опозициската партија , додавајќи дека изминатиов период ниту едно дете под 6-месечна возраст на примило вакцина.

Андоновска истакна дека постојат постојат индиции оти се работи за случај на сериозен криминал и го повикува ЈО да го истражи случајот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нормализиран сообраќајот до граничниот премин Блаце, укинати сите ограничувања

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила