Утрински Весник
Македонија

(Видео) Андоновска: Наместо за провизии, Филипче да се погрижи за вакцини

(Видео) Андоновска: Наместо за провизии, Филипче да се погрижи за  вакцини

Додека во Македонија нема вакцини, тече само процесот на ревакцинација, граѓаните бараат спас и се вакцинираат во соседството, светот сериозно се подготвува како да се справи со новите соеви на коронавирусот, вели Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Новиот индиски сој т.н. „Делта“ според британски извештаи не се детектира со вообичаените ПЦР текстови. Тоа би значело дека се потребни нови реагенси за ПЦР тестови за да се детектира овој сој. Но, што прави нашата власт!? Додека во светот се прават анализи, проценки за новиот сој, планови како да се постапи и слично, надлежните во Македонија немаат абер. Уште во пред да го имаме првиот случај во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ апелираше да се набават повеќе реагенси, масовно и бесплатно да се тестира. Заев и Венко немаа слух за апелите од опозицијата и народот“, изјави на денешната прес конференција Андоновска.

Според Андоновска, исходот од негрижата се над 5.000 изгубени животи и народ оставен сам да се снаоѓа како знае и умее.

„Со волкав процент на вакцинирани во овој момент, факт е дека тешко ќе постигнеме колективен имунитет наскоро. Со овој мал процент на вакцинирани, четврт бран е неминовен. Ама зошто Венко Филипче и Зоран Заев да се грижат за тоа како да спречат евентуален четврти бран, кога можат да уживаат“, вели Андоновска.

Од нејзината партија упатија прашање до министерот за здравство дали има план како да се справи со евентуален 4-ти бран и дали има намера да набави ПЦР тестови кој би го детектирале новиот сој бидејќи постоечкиот како што велат не е соодветен за да открие евентуално постоење на новиот сој од коронавирусот.

Андоновска му порача на министерот за здравство, конечно како што рече да почне да работи, да заборави на провизиите и да се погрижи за здравјето на граѓаните.

Можете да прочитате

Градоначалниците на Ресен, Преспа, Пустец и Девол ќе потпишат Меморандум за соработка за Преспанскиот басен

Наутро магла и облачност, попладне дожд

Уништување на македонското знаме предизвика бурни реакции во јавноста