Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ангелов се качи до нестабилните карпи на Матка за да ја провери нивната состојба

(Видео) Ангелов се качи до нестабилните карпи на Матка за да ја провери нивната состојба

Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Ангелов, денеска одржа прес-конференција за нестабилна карпа високо над ѕидот на браната Матка.

Со тоа, ја извести јавноста за постоење на уште една голема нестабилна карпа на Матка и информира за досега преземените мерки и активности за надминување на опасноста од двете нестабилни карпи, како и за мерките кои ќе бидат преземени во следниот период.

Веднаш потоа директорот на ЦУК се искачи до нестабилните карпи кои се наоѓаат на висина од околу 100 метри над ѕидот на браната Матка за одблизу да ја погледне нивната моментална состојба.

Можете да прочитате

Екс-градоначалникот Димитровски: Никогаш не би помислил дека ќе седнам на обвинителна клупа за работа стара 13 години

Станав обвинет за нешто што не можев да спречам вели градежниот инспектор Гоцев

ВМРО-ДПМНЕ: Соопштението на СДСМ личи какo Заев мамурен да го пишувал