Утрински Весник
Македонија

(Видео) Ангеловски: За 36 отсто намален бројот на жртви во сообраќајни несреќи

(Видео) Ангеловски: За 36 отсто намален бројот на жртви во сообраќајни несреќи

Бројот на жртви во сообраќајни несреќи во ноември е намален за 36 отсто во споредба со ноември минатата година, информира портпаролот на МВР, Тони Ангеловски.

„Споредено ноември 2020 година со ноември 2019 имаме за 21 отсто намален број на сообраќајни незгоди, за 36 отсто намален број на загинати лица, за 75 отсто намален број на загинати пешаци, а за 47 отсто е намален бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди“, рече Ангеловски од Куманово.

Тој информира дека мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи деновиве спроведува засилена акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на Куманово, каде вчера се казнети 96 возачи.

„Евидентно е дека имаме подобрување на дисциплината на возачите на целата територија на државата, како резултат на овие засилени контроли, што пак се рефлектира и на значително намалениот број на сообраќајни незгоди и жртви“, рече Ангеловски.

Тој кажа дека и на територијата на СВР Куманово е евидентно намалувањето на сообраќајни незгоди, особено оние со тешки телесни повреди, кои се намалени за 80 отсто, а вкупниот број на собраќајни негоди е намаен за 37 отсто.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, рече портпаролот на МВР.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Алиу: Ќе градиме систем базиран на пет столбa кои ќе го трансфорираат здравството во стабилен и политички независен здравствен систем

СДСМ: Нема правда без одговорност на Тошковски и Јанев, актуелната власт е виновна за Кочани