Утрински Весник
Свет

(Видео) Американската полиција нападнала руски новинари на протестите во Портланд

(Видео) Американската полиција нападнала руски новинари на протестите во Портланд

Руска ТВ-екипа што ги покривала тековните протести во Портланд, Орегон, била нападната од полициските службеници што пукале врз демонстрантите, пренесува РТ.

Двајцата руски новинари биле повредени додека известувале од местото на интензивните судири пред Федералниот суд во Портланд. Руските новинари биле повредени додека снимале обид на демонстрантите да го запалат влезот во судот.

Вјачеслав Аркипов, снимател за рускиот „Канал 1“, бил удрен со пендрек и фрлен на земја. Неговата камера била искршена од еден полицаец. Неговата колешка Јулија Олховскаја била нападната додека го снимала протестот со својот телефон. Полицаец ѝ ги зел телефонот и кацигата што ја носела и ја турнал на земја.

Висок претставник на „Канал 1“ изјави дека двајцата новинари не се сериозно повредени во инцидентот, но штетата на нивната опрема е значајна. Говорејќи по инцидентот, Олховскаја рече дека нејзиниот снимател поминал полошо отколку таа.

„Едниот полицаец го удри во десната рака со пенрек со сета сила, додека другиот ја зграпчи камерата и ја фрли на земја“, рече таа во интервјуто.

Според нејзината приказна, полицајците излегле од судницата и носеле кафена униформа, ​​што укажува дека биле сојузни полицајци, а не припадници на полицијата во Портланд. И двајцата новинари ги носеле своите акредитации кога биле нападнати. Претходно во текот на ноќта, екипата била фатена во облак солзавец, што полицајците го користеле против демонстрантите.

Протестите пред Федералниот суд во Портланд се случуваат секоја вечер повеќе од два месеци, а ескалираа во немири во повеќе наврати. Градот неодамна преживеа наплив од насилство откако администрацијата на Трамп распореди дополнителни федерални сили за спроведување на законот за да се справи со активистите.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силна експлозија во Бејрут (ВИДЕО)

Исламскиот проповедник во Велика Британија осуден на доживотен затвор за терористичка активност

Камала Харис започна рекламна кампања од 50 милиони долари во претседателската трка во САД