Утрински Весник
Свет

(Видео) Американец се обидел да силува жена на станица, по што слободно си заминал

(Видео) Американец се обидел да силува жена на станица, по што слободно си заминал

Маж во Њујорк нападнал и се обидел да силува жена среде ден, на една метро станица полна со луѓе. Неверојатно дрскиот напад бил снимен, а човекот се откажал од својата намера и си заминал од местото откако го опколиле други патници и почнале да му викаат.

Полицијата го идентификувала, а потоа и го уапсила мажот, 31-годишниот Афроамериканец Хозе Рејес. Шефот на њујоршкиот полициски оддел (NYPD) Родни Харисон го нарече злосторството „ужасно“.

25-годишната девојка во полиција рекла дека прво го забележала Рејес во истото метро со кое се возела околу 11 часот во саботата, на 29 август и дека видела дека човекот пуши нешто во возот.

https://www.youtube.com/watch?v=vFhgpzmpLho

Таа се симнала на следната станица, Авенијата Лексингтон на 63. улица, но Рејес излегол по неа и тогаш започнал да ја малтретира и удира на станица полна со луѓе, по што ја соборил на земја.

„Потоа се качил врз жената и се обидел да ја силува, но застанал кога луѓето се насобрале околу него“, објави полицијата во Њујорк.

Еден од патниците на станицата започнал да го снима со неговиот мобилен телефон и јасно го снимил неговото лице. Во оригиналната снимка, се слуша како девојката вреска од ужас, додека другите патници викаат „бегај од неа“, пишува „Њујорк пост“.

Сепак, многумина корисници на социјалните мрежи го коментираат фактот дека никој од присутните на станицата физички не интервенирал – ниту да го оддели насилникот од несреќната девојка, ниту пак да го задржи до доаѓањето на полицијата. Наместо тоа, Рејес непречено си заминал од станицата.

Во секој случај, снимките секако помогналр полицијата да го идентификува сторителот Користејќи ја компјутерската програма за идентификување на лица поставена на станицата, полицијата го пронашла Рејес во базата на податоци со фотографиите на апсени, бидејќи тој и претходно имал проблеми со законот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Три тела извлечени од потонатиот туристички брод во близина на брегот на Египет

Аналитичари: Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната

Парламентарното собрание на НАТО усвои резолуција за итна интеграција на Украина во Алијансата