„Вчера во центарот на Скопје се слушнаа фашистички, навредливи и понижувачки повици кон Албанците во нашата земја. Сторители на овие повици беа навивачката група „Комити“ на ФК „Вардар“, изјави Фатон Фазлиу од Алтернатива – Скопје.
Според него, „жално е што овие повици (кои не се случуваат прв пат) се случуваат на плоштадот во главниот град, лицата не се анонимни и тие поминуваат без трн во здрава нога: ниту обвинителството, ниту полицијата, ниту судовите не се занимаваат со нив. Од друга страна, Албанците остануваат во затвор дури и за случајни сообраќајки“.
„Поаѓајќи од ова, го осудуваме овој јазик на македонските навивачи на ФК „Вардар“, очекуваме клубот да се дистанцира од нив, а го повикуваме и Јавното обвинителство да не молчи и да глуми „жител на Марс“, туку да ги собира видео-снимките од овие сцени и да поднесе тужби за ширење на говор на омраза, за повикување за истребување, за понижување и навреда на заедницата.Стравуваме дека ако овие случаи останат неказнети, нивните сторители ќе бидат уште помотивирани и тие многу лесно можат да се претворат во дејствија од непожелни размери и со непредвидливи последици.
AлтернАтивА ќе го покрене ова прашање и во другите инстанции, но сака да верува дека државните институции ќе бидат поефикасни во оваа задача“, додаде Фазлиу.