Утрински Весник
Свет

(Видео) Албанија: Продолжува штрајкот на аеродромот во Тирана, приведени контролори на летање

(Видео) Албанија: Продолжува штрајкот на аеродромот во Тирана, приведени контролори на летање

Обвинителството во Тирана ги обвини контролорите на летање на аеродромот „Мајка Тереза“ за злоупотреба на положбата, бидејќи со денови штрајкуваат поради намалување на платите и укинување на надоместоците.

Поради штрајкот на контролорите, од вчера сите летови се откажани.

Утрово армијата ја презеде контролната кула на аеродромот, а премиерот Еди Рама ги предупреди сите што нема да се вратат на работа до петок дека ќе бидат отпуштени, пренесува порталот „Егзит“.

Како што се наведува, Обвинителството ја одзеде работната документација и распоредот на работата на 65 вработени во контролата за летање, а во текот на ноќта во полицијата беа донесени 26 контролори, од кои 23 беа ослободени утрово.

Порталот „Еј-би-си њуз Албанија“ наведува дека се очекува повеќе контролори да бидат приведени на разговор.

Можете да прочитате

Трамп тврди дека Зеленски, а не Путин, го блокира мировниот договор за Украина

Германија и Франција ќе испратат војници во Гренланд

Расмусен: Данска е подготвена да стори повеќе, а САД веќе имаат широк воен пристап до Гренланд