Утрински Весник
Македонија

(Видео) Актерките за сексуалното насилство: Жртвите не смеат да бидат обвинувани

(Видео) Актерките за сексуалното насилство: Жртвите не смеат да бидат обвинувани

Четири наши глумици од различни генерации, застанаа во одбрана на жртвите на сексуално насилство и ги поддржаа колешките од регионов кои по случајот со актерката Милена Радуловиќ се охрабрија да зборуваат за нивните искуства со сексуални предатори. Иако кај нас досега актерки не се огласија со слични искуства, тоа не значи дека ги нема, согласни се глумиците Весна Петрушевска, Ивана Павлаковиќ, Кристина Леловац и Изабела Јакимова. Во дебатата тие беа едноглсни дека се свесни како уште поединци гледаат на професијата актерка и дека уште при изборот на оваа професија слушале коментари „биди спремна дека може да бидеш сексуално вознемирувана“. Отворено и искрено зборуваа за сите состојби кои во изминатиов период ја брануваат јавноста, случајот „Јавна соба“, силувањата, менталитетот на осуда на жртвите, говорот на омраза, некултурата.

„Ние не сме вреќа компири, голотијата во уметноста е оправдана и точно се знае зошто една глумица во функција на една сцена ќе се соблече“, вели Павлаковиќ.

Според Леловац, интегритетот на глумицата е важен, но изложеноста на “машки“ ситуации не секогаш значи дека доаѓа од маж.

Петрушевска вели дека актерската професија подразбира слобода и љубов и дека е злостор некој да ја изневери довербата што едно дете ја гради кон својот учител или професор по глума.

Јакимова вели дека проблемот на девојката Ана чија фотографија во бикини завршила во „Јавна соба“ е тоа што имаме систем на неказнивост и негуваме култура во која не се почитува приватноста.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Алиу: Онколошка амбулантска терапија наскоро ќе има во Тетово, Битола, Штип и ГОБ „8 Септември“

Вработените на Урологија се откажале од субвенции за телефони за да купат клими за болничките соби

Независните со сериозна шанса да му ги поматат сметките на Мицкоски на локалните избори