Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) „Азов“ објави нова снимка од руско гранатирање: „Под тежок оган сме“

Img 7972

Полкот „Азов“, чии членови се меѓу преостанатите бранители на фабриката за челик „Азовстал“ во разурнатиот Мариупол, објави ново воздушно видео од руски напад.

„Нападот на ‘Азовстал’ продолжува. Бранителите ја држат челичарницата под тежок оган. Непријателот користи авиони, артилерија и пешадија“, објавија припадниците на полкот на „Телеграм“.

Претходно, се огласи и заменик командантот на „Азов“, Свјатослав Паламар, кој тврдеше дека Русите го прекршиле примирјето. Тој рече и дека не била дозволена евакуација на цивили.

„Трет ден откако непријателот влезе во фабриката ‘Азовстал’, каде што продолжуваат тешките, крвави борби. Русите повторно ги прекршија ветувањата за прекин на огнот и не дозволија евакуација на цивили кои и натаму се кријат од гранатирањето во подрумите на фабриката. Нашиот непријател не ги почитува етичките норми, конвенции и закони“, рече Паламар.

Тој исто така го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да се згрижат ранетите војници кои умираат во агонија бидејќи немаат соодветна медицинска нега и ја повика меѓународната заедница да продолжи да помага во евакуацијата на цивилите.

Можете да прочитате

Трамп: Не сум сигурен дека ќе влезам во рајот, но на многумина им го разубавив животот

Израел ослободи 1.968 затвореници како дел од договорот за прекин на огнот во Газа

Франција го евакуираше претседателот на Мадагаскар, не е позната неговата нова локација