Утрински Весник
Свет

(Видео) Азербејџан започна офанзива во Нагорно Карабах, Ерменија собори три авиони

(Видео) Азербејџан започна офанзива во Нагорно Карабах, Ерменија собори три авиони
Dik 300x250 mk

Портпаролката на ерменското Министерство за одбрана Шушан Степанјан напиша на Фејсбук дека се водат жестоки борби во северните и јужните делови на Нагорно Карабах и дека непријателот, кој концентрирал големи сили во овие области, тргнал во офанзива.

Таа исто така наведе дека ерменските единици го запираат напредувањето на непријателот и дека три авиони на азербејџанското воено воздухопловство се соборени во Нагорно Карабах, пренесе агенцијата ТАСС.

Судирите меѓу Ерменија и Азербејџан во спорниот регион Нагорно Карабах повторно избија на 27 септември. Ерменија и Азербејџан прогласија воена состојба и почнаа општа мобилизација на граѓаните. Двете страни објавија жртви, вклучително и цивили.

Конфликтот меѓу Баку и Ереван започна во февруари 1988 година, кога автономниот регион Нагорно-Карабах со мнозинство ерменско население прогласи отцепување од Азербејџан.

За време на конфликтот во периодот 1992-1994 година, Азербејџан ја изгуби контролата над Нагорно Карабах и седум соседни региони. Преговорите за мирно решение на конфликтот се водат од 1992 година во рамките на Минската група на ОБСЕ, со која претседаваат Русија, Соединетите Американски Држави и Франција.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Италија го повика рускиот амбасадор поради изјавите на Захарова за кулата во Рим

Русија планира да го признае мајчинството како вработување со полно работно време

Хамас: Континуираното уништување на куќи во Газа е прекршување на договорот за прекин на огнот