Утрински Весник
Свет

(Видео) Азербејџан гранатира ерменски положби во Нагорно – Карабах

Ерменија планира воен и политички сојуз со Нагорно Карабах
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Азербејџанските вооружени сили синоќа гранатирале положби на Ерменија во Нагорно – Карабах, соопшти Министерството за одбрана на Азербејџан.

Според соопштението, силите извеле артилериски напади врз ерменските сили кои се наоѓаат на окупираните територии.

Ситуацијата во Нагорно-Карабах ескалира на 27 септември. Баку и Ереван меѓусебно се обвинуваат за почнувањето борбени дејства.

Двете земји беа дел од Советскиот Сојуз пред тој да се распадне во 1991 година. Тие веќе четири децении се во конфликт околу регионот Нагорно-Карабах, кој е меѓународно признат како дел од Азербејџан, но е под контрола на Ерменците.

Разговорите за решението за Нагорно-Карабах траат од 1992 година во рамките на Минската група на ОБСЕ, предводена од тројца копретседавачи – Русија, Франција и САД.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Трамп: Нетанјаху понекогаш е тежок, се надевам дека втората фаза од мировниот план за Газа ќе стапи на сила многу брзо

Рускиот претседател потпиша указ за регрутација на 261.000 руски граѓани

Германија има недостиг од 120.000 возачи на камиони