Претставникот на ерменското Министерство за одбрана, Акрун Хованисјан ги обвини азербејџанските сили за употреба на турските ракетни системи „Каисгра“ во нападите врз главниот град на Нагорно-Карабах.
Покрај турските ракетни системи, во гранатирањето на Степанакерт се користат и системите „Смерч“ и „Полонез“, додаде тој.
Претходно, портпаролката на Министерството за одбрана на Ерменија, Шушан Степанјан, објави дека борбите на линијата за разграничување на Нагорно-Карабах продолжиле и денес.
Според неа, борбите траеле во текот на целата претходна ноќ и со различен интензитет.
Ստեփանակերտի այսօրվա հրետակոծության նոր կադրեր:
Posted by Shushan Stepanyan on Недела, 04 октомври 2020
Од друга страна, Министерството за надворешни работи на Ерменија тврди дека силите на Нагорно-Карабах ќе продолжат да даваат соодветен одговор сè додека Азербејџан не престане да провоцира и извршува агресија врз тој регион со помош на Турција и други милитанти-терористи.
Тие исто така наведуваат дека целта на Азербејџан од самиот почеток на конфликтот била да ги сокрие податоците за нападите врз градовите Нагорно-Карбах, иако биле забележани бројни цивилни жртви и била нанесена значителна материјална штета кога станува збор за цивилната инфраструктура.