Утрински Весник
Македонија

(Видео) Автомобил со поголема брзина влета во зона со пешаци на скопскиот плоштад

(Видео) Автомобил со поголема брзина влета во зона со пешаци на скопскиот плоштад

На социјалните мрежи се прошири снимка на која се гледа како автомобил марка „бентли“ со поголема брзина минува низ украсената зона на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во делот каде што во овој претпразничен период обично се собираат многу посетители и деца.

Станува збор за „светлосниот тунел“ на скопскиот плоштад, поставен во пресрет на новогодишните празници, што е едно од местата каде што пулсира празничната атмосфера, со многу граѓани кои прават фотографии во негова близина.

Видеото снимено во вечерен период покажува како автомобилот се приближува до тунелот, при што луѓето собрани околу новогодишната декорација брзо се тргаат настрана, а потоа возилото забрзувајќи преминува на другата страна.

Од МВР велат дека сличајот е пријавен кај нив и работат на негово расчистување.

 

 

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мицкоски оди за Тирана, ќе учествува на Самитот на лидери

Почина македонската фолк пејачка Бади Бекир

Средба на делегација предводена од министерот за култура и туризам Љутков со еврокомесарот за  меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт, Микалеф