Утрински Весник
Свет

(Видео) Автомобил прегази група луѓе на пешачка зона во Германија, има загинати

(Видео) Автомобил прегази група луѓе на пешачка зона во Германија, има загинати

Најмалку две лица загинаа а околу десет се повредени кога автомобил удрил во нив во пешачка зона, во градот Трир во западна Германија, соопшти полицијата.

Како што пренесува РТЛ, над местото на несреќата кружи хеликоптер, а училиштата во близина се заклучени и следат протокол за случај на можен терористички напад.

Еден од очевидците рекол дека голем сив „Ренџ Ровер“ поминал низ пешачката зона со огромна брзина и дека луѓето ги „фрлал во воздух“.

Полицајците ги предупредиле луѓето да го избегнуваат местото на несреќата.

Локалните медиуми известуваат дека возачот е задржан во полиција, додавајќи дека деталите за инцидентот се нејасни, пренесе „Дејли мејл“.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Во Белгија прогласен „портокалов аларм“ за опасност од респираторни инфекции

Еквадор испраќа 10.000 војници против банди за трговија со дрога

Поднесен предлог до Парламентот за повлекување на Франција од НАТО