Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

(Видео) Авион со 190 патници излета од писта во Индија и се преполови

(Видео) Авион со 190 патници излета од писта во Индија и се преполови
Img 7972

Авион на „Ер Индија експрес“ со 191 патник од Дубаи се излизга од пистата и се преполови на аеродромот „Кожикоде“ во Керала, Индија.  Според првичните информации загинале пилотот и двајца патници.

Медиумите јавуваат дека се повредени 40-тина патници.

Авионот се подготвувал да слета кога се случила несреќата. Откако ја промашил пистата, авионот се скршил на неколку дела. Инцидентот се случил во услови на многу силни врнежи од дожд во областа.

Една локална телевизија соопшти дека многу патници се примени во болница со повреди и дека за среќа авионот не се запалил.

Авионот „Ер Индија експрес“ наводно паднал во теснец длабок 9 метри додека слетувал на аеродромот „Карипур“ во Кожикоде.

На снимките кои се појавија на социјалните мрежи се гледа дека авионот е преполовен.



Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Откриена е заборавената насловна страница на „Плејбој“ од 1990 година со Доналд Трамп

Нобеловата награда за хемија ја добија Китагава, Робсон и Омар М. Јаги

Грета Тунберг: Израелците ставија 60 луѓе во кафези и рекоа дека ќе нè убијат со гас