Нова анимирана серија „Војна на ѕвездите“ фокусирана на елитната група клонови ќе почне да се прикажува на стриминг-платформата на Волт Дизни „Дизни плус“ во 2021 година, објави компанијата во понеделникот.
Серијата, со оригинален наслов Star Wars: The Bad Batch, ќе ги следи експерименталните клонови во галаксијата што брзо се менува по завршувањето на војната на клоновите, соопшти компанијата.
Дизни инвестира во нови програмски содржини за да привлече претплатници на стрим-платформата „Дизни плус“, која започна во ноември 2019 година и имаше повеќе од 50 милиони претплатници неколку месеци по стартот.