Утрински Весник
Спорт

Вечното дерби во финалето на Купот

Вечното дерби во финалето на Купот

Вечните ривали, Работнички и МЗТ ќе се борат за трофејот „Благоја Георгиевски Буштур“. Пласман во финалето на Купот МЗТ избори со победата над Академија ФМП 92:72, а Работнички со триумфот над Еуро Никел 85:79.

Работнички дуелот со Еуро Ниле, г доби благодарение на подобрата игра во последната четвртина. Филип Бундовиќ со 29 поени ја предводеше екипата од Градски парк до победата. Кај поразените со по 16 поени се истакнаа Јане Петровски и Роберт Рикиќ.

МЗТ, во целост ја оправда фаворитската улога против Академија ФМП. Андрија Бојиќ со 18 поени се истакна кај „металците“.

Финалниот меч за трофејот ќе се одигра утре во 17.30 часот.

Фото/kfsm.mk

> Вечното дерби во финалето на Купот <

Можете да прочитате

Стадионот во Приштина е премал да ги прими сите заинтересирани за дуелот Косово – Турција

ГРК Охрид попладнево му гостува на Олимпијакос во Атина во првиот четвртфинален натпревар од ЕХФ Европскиот Куп

Кими Антонели победник на трката за Големата награда на Јапонија