Утрински Весник
Македонија

Вечерва нов протест во Скопје – „Ултиматум – НЕ благодарам“

„Нема враќање чекор назад. Нема отстапување од Македонија. Денес продолжуваме, масовно, мирно и гордо во 19:00 часот пред влада, преку министерство за правда каде ќе порачаме дека нема промена на Уставот за внес на Бугарите, затоа што Уставот не е Википедија, и ќе завршиме пред Собранието“ се вели во денешното соопштение од „Ултиматум – НЕ благодарам“.

dobivaj vesti na viber

Оттаму порачуваат „нема полициска монтировка која ќе не уплаши“.

„Нема меѓуетнички тензии, туку има заштита на криминал и предавство на Македонија против кое се бориме. Апелираме да не се наседне на полициските провокации. Ултиматум, не благодарам. Против асимилација и бугаризација. Излезете масовно. Македонија е нашата последна тврдина“ стои во соопштението.

Можете да прочитате

ДОАЃА НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Како да се заштитиме од гром?!

СДСМ до Мицкоски: Декласифицирај, па да видиме кој е уплашен

„Обичен онколог од Словенија, а не вештак ги изготвил медицинските докази“ – Бранителот Ставрев ги побива доказите на ЈО против Васев