Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Вечерва е ждрепката за ЛШ – во третиот барабан три екипи од Италија

Вечерва е ждрепката за ЛШ – во третиот барабан три екипи од Италија
Img 7972

Салцбург, Митјиланд и Краснодар се последните екипи кои изборија пласман во фазата по групи во Лигата на шампионите. Сезоната во елитата ќе дебитираат пет екипи: Краснодар, Митјиланд, Ференцварош, Рен и Басакшехир.

УЕФА ги одреди барабаните за ждрепката за фазата по групи. Интересен е третиот барабан во кој има три италијански екипи.

Барабан 1: Баерн, Севилја, Реал Мадрид, Ливерпул, ПСЖ, Јувентус, Зенит, Порто

Барабан 2: Барселона, Атлетико Мадрид, Манчестер сити, Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд, Шахтјор, Ајакс, Челси

Барабан 3: Интер, Лацио, Аталанта, Лајпциг, Динамо Киев, Краснодар, Слацбург, Олимпијакос

Барабан 4: Рен, Ференцварош, Басакшехир, Борусија Менхенгладбах, Марсеј, Бриж, Митјиланд, Локомотив Москва.

Ждрепката за Лигата на шампионите ќе се одржи вечерва со почеток во 18 часот.

> Вечерва е ждрепката за ЛШ – во третиот барабан три екипи од Италија <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица

Без влезници во продажба за натпреварот Србија – Албанија во Лесковац

Шеста светска клупска титула за ракометарите на Барселона