Утрински Весник
Спорт

Ветраните го напуштаат Виљареал

Ветраните го напуштаат Виљареал
Dik 300x250 mk

Фудбалскиот клуб Виљареал денеска потврди дека двајца ветерани ќе го напуштат клубот по завршувањето на сезоната. Последен пат дресот на „жолтата подморница“, утре против Еибар ќе го облечат Сант Казорла и Бруно Соријано.

„Виљареал ми даде се во кариерата. Одлучија да потпишат со 18 годишно момче од Овиедо, момче кое дотогаш никој не го знеше“, напишал на социјалните мрежи 35 годишниот Казорла.

Локалните медиуми тврдат дека за Козорла се интересираат од Ал Сад, каде тренер е неговиот поранешен соиграч од репрезентацијата Чави.

Капитенот Соријано, три години се мачеше со повредите, на терените се врати во финишот на оваа сезона, на натпреварот против Барселона,

Соријано целата своја кариера ја минал во Виљареал, одиграл 420 натпревари, има и 10 настапи за репрезентацијата на Шпанија.

> Ветраните го напуштаат Виљареал <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѓоковиќ ја освои 101та титула

Марко Трајановски ќе го брани Македонското знаме во Виена, Австрија

Легендарна скокалница од Светскиот куп заминува во историја