Утрински Весник
Македонија

Ветеринарите ги ставаат на располагање своите капацитети за сузбивање на КОВИД-19 

Ветеринарите ги ставаат на располагање своите капацитети за сузбивање на КОВИД-19 

Скопје, 20 март 2020 (МИА) – Ветеринарната комора на Република Северна Македонија денеска упати писмо до министерот за здравство, Венко Филипче и до директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов со кое ги известува дека во услови на вонредна состојба, ветеринарните друштва, во рамки на своите можности, ги ставаат своите капацитети на располагање за сите мерки за справување со ширењето на вирусот на КОВИД-19.

-Во писмото се наведува дека во услови на пандемија од витално значење е сите да работиме заедно и во тој контекст сметаме за потребно како професија во нашиот делокруг на работа да дадеме придонес во спречувањето на ширење на вирусот на КОВИД-19 на територијата на нашата држава. Ветеринарно-здравствените работници се составен дел на глобалната здравствена заедница и ја споделуваат одговорноста заедно со колегите од хуманата медицина и другите субјекти да делуваат во насока на спречување и отклонување на закани од ваков тип, вели за МИА претседателот на Комората, Томислав Николовски.

Според него, надвор од активностите поврзани со здравјето и благосостојбата на животните, докторите по ветеринарна медицина имаат големо искуство со справување и контрола на болести и играат клучна улога во превенцијата и управувањето, вклучувајќи ги и оние што се пренесуваат на луѓето.

-Ги известуваме двете институции и дека ветеринарните друштва во нашата држава имаат компетентен кадар, знаење и опрема и можат да се стават на располагање за вршење дезинфекција на простор и објекти, согласно потребите и препораките на Владата за што поуспешно справување со вирусот, како и за други активности кои се во рамки на дејноста на ветеринарната медицина, нагласува Николовски. мч/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Граѓани чистеле црква во гостиварско Галате, по пријава од Општина Врапчиште дошла полиција

24 годишник од Македонија уапсен поради обид за грабеж во пензионерски дом во Швајцарија

Немил настан утрово во Кавадарци: Ќерка ја нападнала мајка си со тврд предмет