Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Вест хем ќе имаат поголем стадион од Арсенал и Челси!

Вест хем ќе имаат поголем стадион од Арсенал и Челси!
Img 7972

„Лондон стадионот“ на Вест хем ќе го помине „Емирати“ на Арсенал како втор најголем премиерлигашки стадион во британската престолнина, откако добија дозвола да го зголемат капацитетот на 62.500 седишта.

Дополнителните 2.500 седишта ќе го однесат стадионот на „чеканите“ пред „Емирати“ (60.260) и зад стадионот на Тотехем, кој има 62.850 седишта.

„Сите во клубот работат за развој и раст на нашиот клуб, на теренот и надвор од него, за доброто на навивачите и постои чувство дека работите одат во вистинска насока. Поддршката од навивачите е фантастична и атмосферата секогаш е прекрасна“, вели менаџерот на Вест хем, Дејвид Мојс.

Крајната цел на Вест хем е да го имаат најголемиот стадион во Лондон со 67.000 седишта со проширување на две трибини. „Лондон стадионот“ е изграден за Олимпијадата во 2012 година, по што Вест хем го откупија стадионот и го преуредија преселувајќи се од „Аптон парк“ во 2016 година.

> Вест хем ќе имаат поголем стадион од Арсенал и Челси! <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица