Утрински Весник
Спорт

Вест хем именуваа поранешна порноѕвезда во бордот на клубот

Вест хем именуваа поранешна порноѕвезда во бордот на клубот

Вест хем ја именуваа поранешната порноѕвезда Ив Ворли, со вистинско име Ема Бентон-Хјуз во бордот на клубот, откако 55-годишната Британка подолго време е партнерка на копретседателот на клубот, Дејвид Саливен.

Ворли беше актерка во повеќе филмови за возрасни на крајот на 1990-тите и почетокот на 2000-тите, а потоа беше и режисер на порнофилмови.

Токму порноиндустријата е поле каде што нејзиниот партнер, Дејвид Саливен ги направи своите 1.1 милијарда фунти. Со својот бизнис-партнер и втор копретседател на клубот, Дејвид Голд, Саливен влезе беше сопственик на порнографски магазини, секс-шопови и .продукциска куќа на почетокот на 1970-тите, станувајќи милионер на 25 години. Тој и Голд купија 50 отсто од акциите на Вест хем во 2010 година.

Покрај Ворли, во бордот на клубот влезе и синот на Саливен, Дејв, додека неговиот втор син, Џек, е менаџер на женскиот тим на „чеканите“.

> Вест хем именуваа поранешна порноѕвезда во бордот на клубот <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Почина Ѓорѓи Божиноски, еден од основачите и спортски директор на КК Гостивар

Расел победи на спринтот на Големата награда на Кина

Рибакина ќе се соочи со Сабаленка во финалето на Индијан Велс