Утрински Весник
Спорт

Вертонген: Сакам да играм во амбициозен клуб

Интер го зема Вертонген како слободен агент

Лондон, 23 април 2020 (МИА) – Централниот дефанзивец на Тотенхем, Јан Вертонген, негираше дека одлучил да не потпише нов договор со клубот за да помине како слободен агент во Интер.

– Сакам да играм во Европа и да научам поинаков јазик, рече Белгиецот пред една недела.

Дефанзивецот полни 33 години во петок, а неговиот договор со „петлите“ истекува на крајот на сезоната, но изгледа дека тој нема да биде продолжен.

– Сакам да потпишам со соодветен клуб. Може да биде Тотенхем или кој било друг европски тим. Мора да биде амбициозен клуб. Сакам да играм во Европа, бидејќи репрезентацијата е многу важна за мене, изјави Вертонген за „Плеј Спортс Кот“.

Според информациите, Белгиецот сака да замине во тим од Италија или Шпанија.

– Можеби звучи чудно, но по кризата предизвикана од коронавирусот ќе има поголем интерес за мене. Бидејќи сум слободен агент и некои клубови може да немаат многу пари, додаде тој.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство